БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Интернатот во Блатец ( виничко) доби нов лик

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

После седумдесет години од изградбата, Интернатот во Блатец ( Виничко) од руинирана зграда стана нов објект со комплетно нова столарија и фасада, со што и внатрешно и надворешно ликот е целосно променет.

Деновиве привршува внатрешното освежување на ѕидовите, а останува уште комплетна замена на креветите и мебелот во оваа институција. Во овој објект со кој управува подрачното училиште во Блатец, основно образование поминале преку 100-на деца со посебни образовни потреби, а моменталната бројка е 7 кои посетуваат настава од 1-9-то одделение во наставата за деца со посебни образовни потреби во ОУ “Кочо Рацин“.

Во источна Македонија овој објект е единствен ученички дом . Покрај ученици, интернатот ќе можат да го користат и гости -учесници на различни манифестации во општината, бидејќи вака веќе ги исполнува условите и стандардите за една солидно опремена институција од јавен карактер.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace