Шпанскиот кошаркарски репрезентативец Никола Миротиќ завршил во болница откако соиграчот од Чикаго Булс, Боби Портис го удрил со тупаница во лице.
Како што објавија американските медиуми, за време на тренингот двајцата кошаркари имале вербална расправија по што Портис ненадејно го удрил Миротиќ со тупаница во лице.
Црногорецот со шпански пасош се здобил со фрактура на две коски на лицето, а според непотврдени информации, имал и потрес на мозокот.
Од клубот го потврдиле инцидентот со најава дека, најверојатно, Миротиќ ќе мора да биде опериран и дека клубот ќе ги казни двајцата кошаркари.
Миротиќ четири сезони е играч на Чикаго, а летово потпиша нов двегодишен договор.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи