Претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков од Кочани во рамки на комисиската расправа за донесување на Буџетот на Владата на Република Македонија за 2025 година ги соопшти бројките кои што се однесуваат за здравството како аргумент зошто смета дека овој буџет е развоен.
“Владата со Буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Имено со предлог Буџетот за 2025 година кој е предложен од владата до Собранието се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за оваа година.
Здравството и подобрување на условите во здравството се високо на агендата на владата на ВМРО-ДПМНЕ, се планираат голем број на инвестиции.
Инвестициите се насочени кон набавка на медицинска опрема за потребите на Јавните здравствени установи, изградба, реконструкција и доградба на објектите во Јавните здравствени установи.
Владата за 2025 година планира реконструкции на следните ЈЗУ: Општа болница Кичево, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ – Охрид и Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.
Предвидено е да продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.
Со Буџетот се планираат и средства за градежни активности и реконструкции во Здравствен дом Скопје, Kлиника за психијатрија и други установи.
ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики за трансформација на Македонија.”
-информираше пратеникот Миле Лефков за јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ