БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градежните работи на експресниот пат Страцин-Крива Паланка забрзано се реализираат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ВД директорот на Јавното претпријатие Државни Патишта Коце Трајановски денеска беше на терен на трасата каде што се изведуваат градежните работи на експресниот пат на делницата од Страцин до Крива Паланка.

За јавноста тој информираше за напорите на претпријатието и владата да се забрза реализацијата на сите патни и автопатски делници во државата каде што во моментот се реализираат градежни работи со имплементација на технички можности за асфалтирање во зимски услови преку користење на соодветни адитиви за асфалтната маса која се вградува.

🎥🛣️ Денес заедно со екипа од Сител ТВ извршивме увид во градежните работи на ескпресниот пат Страцин – Крива Паланка,проследете го моето гостување во вестите во 16:00 часот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

🚧🚜 За прв пат во Македонија се овозможува да се гради и во зимски период, односно градежните компании набавија адитив кој овозможува да се асфалтира и на пониски температури. На овој начин се продолжува и градежната сезона. Ако таа досега беше 6 до 8 месеци сега ќе имаме асфалтирање во период од 8 до 10 месеци во годината. Сето ова, пак ќе овозможи забрзување на проектите и зимските услови во наредните месеци нема да бидат пречка да продолжиме со асфалтирањето. Досега зависевме од условите на времето кое на ниски температури налагаше да се прекине со асфалтирање. Оваа зима и во месеците што следуваат ќе продолжиме со асфалтирање и тоа на автопатот Кичево – Охрид каде што има тројца изведувачи, едниот е ‘Гранит’, вториот е ‘Илинден – Струга’, а третиот е самиот ‘Синохидро’, со што ќе овозможиме Кичево – Охрид пред летната сеозона догодина да го пуштиме во употреба, ако не во двата правци, тогаш едниот да биде целосно асфалтиран и пуштен во сообраќај.

#ЗимскоВградувањеАсфалт

-соопшти за јавноста ВД Директорот на ЈПДП Коце Трајановски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace