Службите на КЈП „Водовод“ и на Општина Кочани денеска реализираа акција за чистење на планинскиот локалитет Пониква. Акцијата опфати расчистување на отпадот на потегот од одморалиштето на МВР до локалитетот Аеродром.
Во договор меѓу сопствениците на угостителските и ресторанските објекти, сопствениците на викендички и градоначалникот Владко Грозданов, комуналните служби ги дислоцираа контејнерите. Целта, според градоначалникот, е да се спречи создавање грда слика од отпад како прв впечаток за Пониква, но и да се отстрани можноста ѓубрето да биде на лесен дофат на стоката и кучињата.
– Со овие активности испраќаме јасна порака дека Пониква, како значаен планински и туристички центар, заслужува повисок степен на јавна чистота и ги повикуваме сите посетители и стопанственици да дадат придонес кон почиста и поздрава животна средина – вели градоначалникот Грозданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Кочани Грозданов заедно со граѓаните ќе биде дел од чествувањето на Водици во понеделник
Министерката Весна Јаневска во работна посета на УГД – фокус на квалитетот во високото образование
Иван Гоцевски: Делчево е подготвено на повисоко ниво со низа настани да го чествува еден од најубавите христијански празници Водици