БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Испразнети затворите, 569 Албанци пуштени на слобода

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со Законот за амнестија 670 лица ќе бидат ослободени од затвор, додека на 3097 други затвореници казната ќе им биде скратена за 30%. Во најголемиот затвор во Македонија, Идризово, од вкупно 1754 затвореници, на Законот за амнестија ќе му се радуваат 1438 лица од кои 621 Македонец, 569 Албанци, 26  Срби и 257 Роми.

Во воведниот дел на законот, предлагачот ја оправдува амнестијата и со заштеда на буџетските средства, бидејќи по ослободувањето на еден голем број на затвореници нема да се  трошат пари за подобрување на условите во затворите. Ресоцијализацијата е главната цел на законот според предлагачот.

Координаторот на парламентарната група на опозицијата Влатко Ѓорчев не се согласува дека законот за амнестија ќе донесе нешто добро. Тој рече дека во Македонија сега и јавната безбедност опаѓа. Според него со ослободувањето на затворениците состојбата уште повеќе се влошува.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ѓорчев додаде дека СДСМ и владината коалиција ги ослободува овие лица со цел покасно да ги употреби за политички цели. Последниот рок за подготвување на листата со имиња на лицата кои ќе бидат дел од амнестијата е 29 јануари.

 

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace