БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Историски најбитни избори

Пренеси го гласот

Правото на глас е едно од најбитните права на лиѓето преку кое тие рационално одбираат кој ќе ги насочува и води во државата и институциите на државата. Затоа е битен системот да биде функционален. Тоа може да го постигне секој еден граѓанин без притисок со свое убедивање и мисла рационално да избере кој сака да го води системот на државата со кој на секој еден граѓанин ќе му биде овозможено да живее поубав живот, да биде ценет, да твори, создава, иновира и да помогне општествово да биде подобро место за живеење. Затоа рационално без притисок своемислено тајно и во случај да биде некој уценет за кој да го даде гласот да иде своемислено зашто секој еден придонесува најмногу на избори во какво општество сака да живее.

Во последниве години како и години наназад бевме сведоци на тоа како една власт не треба да владее. Тоа е вид на контролирана власт која гледа само за себе и профитот на олигарсите зад себе. Власт во која не се почитуваше владеењето на правото, се заобиколија уставот, законите, подзаконските акти, сите деловници за работа на секоја институција почнувајќи од законодавниот дом Парламентот па се до локалната самоуправа. Правдата не беше еднаква за секого, туку бевме сведоци на монтирани судски пресуди, Луи Витон рекет, ТРАС-ТРАС, Теовел судсво. Нефункционални институции во кои се чека редици. Здравство кое е на раб на колапс поради кризата со корона вирусот. Најлоши услови во ресорот Одбрана. Економијата се повеќе паѓаше а најмногу падна во кризата со корона вирусот, а властите понудија некои смешни мерки за справување со кризата. Па дури и паричната помош која ја даде власта на граѓаните ја даваше селективно иако некои ги исполнуваа условите не им следеше парична помош. Образование со лоши реформи и нереализирани проекти за подобрување на студирањето и школувањето на студентите и учениците, па поради тоа е и кратен буџетот за образованието. Бизарни услови за живот и сместување и на студентите, неможноста после искачањето од школските клупи, образованите млади луѓе да просперираат и да се афирмираат во струката за која стекнале квалификации. По што младите разочарани од состојбата во која се наоѓаат и загрижени за нивната безбедност која загрозени од системот купуваат карти во еден правец и си заминуваат од државата поради што не ја гледаат иднината тука. Многу улуци се со дупки и неасфалтирани како и некои населени места како во 19ти век газат по кал и немаат одвод и канализација. Но и корумпираната и криминална власт низ целиот свој мандат краде и го лаже народот и кога доаѓа време за избори само тогаш оделува мал дел од украдените пари да направи нешто. Затоа без да се плашиме за здравјето, затоа што ќе има протоколи за заштита од корона вирусот, своеумно без никакви присилувања, без уцени, освестени и поучени од сето она досега што се случувало погубно за достоинството и функционалноста на системот на нашата држава Македонија да излеземе и да гласаме за луѓето кои ќе дојдат на власт која ќе ги почитува и применува правилните вредности произлезени од религијата, традицијата, обичаите, моралот и етиката. Власт која ќе ги почитува и ќе им ги овозможи на граѓаните сите човекови и работнички права. Власт која ќе се залага за правите либерални вредности. Да гласаме за власт која нема да работи за профит и профитот на олигархијата со местење на тендери и која се богатат на грбот на просечниот работник кој зема плата за да си го нарани семејството, туку заедно со олигархијата ќе работат за просперитетна, модернизирана и напредна Македонија и ќе ги почитуваат човековите и работнички права и ќе им создаваат услови на секој еден граѓанин. Влада која ќе го почитува уставот, законите, подзаконските акти, деловниците. Власт која нема да се меша во судството. Нема да мести судии послушници и нема да прави прогон и да монтира судски процеси и нема да нарачува судски одлуки. Власт која ќе го остави судството на професионалците кои работат во тој сектор со своите стекнати образовни квалификации да си ја извршуваат работата професионално. Власт со која правото ќе се применува подеднакво за секој, кој ќе направи повреда или прекршок на законот или правниот акт ќе одговара според одредбите од тој закон или правен акт. Власт со која ќе владее правото и ќе имаме правна држава и која ќе го уништи криминалот и корупцијата. Власт која ќе вложува во здравството, која ќе го модернизира и обнови. Која ќе направи нови поликлиники, болници и клинички центри кои ќе имаат капацитет и ќе ги опреми и модернизира со нови апарати, машини, и ќе го зголеми капацитетот на возила на брзата помош со што ќе бидеме спремни за било која здравствена криза. Власт која ќе вложива во создавање на услови и модернизација на одбраната во нашата војска и полиција, со тоа што ќе ги модернизира пред се ќе ги опреми ќе земе нови униформи, ќе вложи во нови оружја, артилерија. Власт која ќе вложува најмногу во образованието со зголемен буџет од 5% и младите. Образованието е најбитно за младите. Таму децата се создаваат како личности со прави вредности, млади како критична маса која утре кога ќе се создадат како личности ќе ја предводат државата кон успеси со нивната борба за подобро утре и иновации кои треба да ги помага Власта. Власт која ќе овозможи можности за младите да излезат од училишните клупи образовани личности со продуктивен образовен систем, систем во кој на правилен и продуктивен начин ќе се учи и пренесува знаењето на материјата од предметите и тоа ќе остане во сеќавање на учениците и студентите . Можности за младите да се вработат на работни позиции и да напредуваат во кариерата со квалификациите од образованието со кое се се стекнале. Можности за младите да ги реализираат своите бизнис идеи и да ги развиваат. Власт која ќе вложува во спортот преку кој младите се развиваат. Така младите ќе останат во државата и многу заминати ќе сакаат да се вратат. Држава која вложува во младите е силна и просперитетна. Сите знаеме во каква ситуација е Економија последователно од корона вирусот. Идната власт треба да понуди конкретни мерки кои ќе помогнат малите и средни бизниси како и граѓаните да застанат на нозе. Власт која ќе се грижи за работникот и тоа да биде ценет нивниот труд со тоа што ќе биде платен според задачите кои ги извршува на своето работно место, а не омаловсжуван и строго да казнува тортура врз работник затоа што тоа лошо влије на здравјето. Власт која ќе ги реновира и асфалтира многу неасфалтирани улици и на нив пред тоа ќе спроведе канализација кај што е потребно. Власт која ќе се грижи за животната средина и која ќе овозможи чист воздух, чиста околина, чисти води кои се битни за здравјето и рекреацијата. Власт со која во институциите ќе работат лиѓе професионалци вработени според своите квалификации, а не со непотизам. Само така системот ќе биде функционален и нема да се чека редици. Секако треба да се реши и да се врати името и другите штетни договори кои се потпишаа за кражба и фалсификување на правилната историја на Македонија, но пред тоа треба да ги решиме внатрешните системски проблеми на овој наш трул систем. Некои викаат дека може Преспанскиот договор да се раскине еднострано, НО што ќе правиме со санкциите и ембаргата кои ќе и ги наметнат на Македонија после тоа? Затоа процесот за враќање на името и правилната историја е долг правен процес. Но процес кој ќе се тера паралелно, но приоритетно и ќе се воведат реформи кои ќе помогнат за просперитет на државата. Власт која ќе ги третира граѓаните еднакво без разлика кој род сме, која нациналност или вера. Па како за пример во Илинденското како и во други востанија не учествувале само македонци туку и албанци, турци, роми, власи, евреии…Власт која ќе го почитува и вреднува квалитетот. Ова се проблеми собирани 30 години наназад ќе треба многу работа за да се средат и тоа не може според мене да се направи во еден мандат, туку треба засукување на ракавоте и професионално и посветено да се работи. Само така можеме да влеземе во ЕУ. Сето ова ни го овозможува програмата за ОБНОВА.

Сите знаеме колку само ни смета досегашниов трул систем, затоа нека проработи свеста во секој еден од нас, доста беа поделби. Време е да дојдат на власт личности кои се професионалци и посветени на својата работа и кои работат за иднината на граѓаните. Ова е последна шанса за нашата држава МАКЕДОНИЈА. Затоа без страв од корона вирусот зашто ќе има протоколи за заштита, Храбро, свесно, своеглаво и неуценети но и иако сме уценети треба да гласаме како што мислиме и имаме став, да излеземе масовно на 15ти Јули и да гласаме за тие што знаеме дека во оваа последна шанса за нашата држава МАКЕДОНИЈА ќе ја спасат и ќе ја насочат кон просперитет. Да излеземе и да гласаме за ОБНОВА НА СИСТЕМОТ, ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА!!!.

Пишува: Христијан Перчинковски

Креирано од:


Пренеси го гласот