Денес, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, со особена чест и радост присуствував на традиционалното осветување на водите и спуштањето на Чесниот Крст во Каменичка Река.
Овој свет чин ги покажа нашето заедништво, вера и почит кон традициите што со векови се пренесуваат од генерација на генерација, а чинот на спуштањето на Чесниот Крст го изврши надлежниот архиереј, Епископот Делчевско-каменички г. Марко.
Му честитам на Иван Јанковски за храброста и благословот да го фати Чесниот Крст, а во име на Општина Македонска Каменица му подарив златник, како симбол на почит и признание.
Бог се јави!
Извор: Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавна благодарност на градоначалникот на Делчево и општината за поддршката при одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание
Најавените инфраструктурните зафати се во тек: Јужниот булевар се подготвува за градба, се решаваат децениски комунални и социјални проекти
НККР Берово поднесе кривична против 41 годишен жител на Пехчево