БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Цврсто сум определен да бидам градоначалник на секој жител на Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Според досегашното искуство во Советот на општина Делчево и во рамки на постојаната комуникација со граѓаните од сите населени места во општинна Делчево Иван Гоцевски изнесе во јавноста суштинска информација која се однесува на зголемување на нивото на демократија на локално ниво во општина Делчево.

Според Иван Гоцевски граѓаните на Делчево имаат потреба за зголемено учество во носењето на одлуки на локално ниво во Делчево, што подразбира доследно спроведување и разгледување на секоја иницијатива, идеја и потреба на секој еден граѓанин на општина Делчево во периодот што следи, поради основната функција на локалните институции да бидат максимално посветени на потребите на секој жител на Делчево поради чии што интереси истите всушност и постојат.

“Зголемување на нивото на демократија, јавност и транспарентност на општина Делчево во наредните 4 години е насушна потреба за секој еден граѓанин на Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од интензивната комуникација која што ја имам секојдневно со сите граѓани на општината, констатирав дека граѓаните имаат многу поголема потреба за зголемено учество во носењето на одлуки на локално ниво во Делчево.

Ваквата состојба се должи на досегашниот игнорантски однос на локалните институции на предлозите и потребите на граѓаните на општина Делчево, што е забележливо во досегашната пракса.

Како човек кој што е цврсто определен да бидам градоначалник на секој жител на Делчево, можам да најавам еден целосно нов систем за соработка и остварување на широк и постојан фронт за остварување на идеите и иницијативите на секој еден граѓанин на Делчево во наредните години.

Како мал сегмент што можам во овој момент да го откријам е дека на институционален начин Општина Делчево во наредниот период ќе изгради јавен и транспарентен систем за евиденција, имплементација, следење и отчет за секој предлог, секоја иницијатива доставена од секој граѓанин во функција на јавно добро за нашата општина Делчево.

За секоја иницијатива ќе биде назначен специјален тим за разгледување, имплементација и одговор за постапувањето по истата од страна на службени лица.

На тој начин заедно ќе ја вратиме локалната самоуправа блиску до граѓаните за чиј што бенефит и постојат локалните институции. Широката лепеза на мерки и активности за овој новитет кој што ќе овозможиме за првпат да се воведе во ЕЛС Делчево, ќе бидат застапени во предизборната програма која е во интензивна фаза на подготовка од експертски тимови, како никогаш до сега.

Следете ја нашата кампања во периодот што следува и секако очекувам силен интерес и сугестии од секој граѓанин на нашето Делчево.

Нашиот слоган “Го сакам Делчево” воопшто не е политичка флоскула. Тоа ќе биде мој а се надевам и на многумина сограѓани -наш начин на живот во наредните 4 години!

#ГоСакамДелчево

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace