БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Дали градоначалникот на Делчево знае за колапсот на ЈКП “Брегалница” Делчево?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Се поалармантни се информациите за лошата финансиска состојба која што се заканува на обавувањето на основните јавни функции на ЈКП “Брегалница” Делчево, што како проблем се однесува на сите граѓани на Делчево. Постојаните извршни решенија за неплатените долгови на претпријатието кои што постојано пристигнуваат на адреса на делчевското јавно претпријатие се своевиден доказ за неодговорното и недомаќинско управување со претпријатието, а ваквата состојба допринесува во најголема мера околу 90-тина вработени на претпријатието да не земаат редовно плата.

За контрола на работата на ЈКП “Брегалница” Делчево меѓу останатите органи на власт најповикани се Градоначалникот и Советпт на Општина Делчево кои што треба да поведат поголемо ниво на грижа за оваа алармантна состојба што ги засега сите граѓани во општината.

Во врска со ваквата состојба своја прес конференција имаше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево, Иван Гоцевски кој упати свој апел и повеќе прашања во јавноста поврзани со оваа проблематика:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈА за неработењето или несовесност во работењето на директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево-Стојче Стојковски и неговиот ШЕФ во општинската зграда:

Локалното “ реално шоу” на невиден криминал на веќе пропаднатата и опозициоска СДСМ е во тотален колапс, дисбаланс и изгубен тек!

Граѓаните на Делчево заслужуваат одговори на некои прашања, а ние ја чувствуваме таа должност да ги побараме одговорите јавно!

Бараме јавен одговор од директорот на ЈКП

“Брегалница” Делчево Стојче Стојковски или од неговиот шеф во општинската зграда, на прашањето – Дали е вистина дека пред извесен период е пристигната забрана за оттуѓување на возилото наменето за развозување на директорот, марка Шкода Јети со регистарски табли број ( ДЕ 3926 АБ ) врз основа на барање од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, поради неплатен долг кон споменатата установа?!

Дали е вистина директоре дека истиот овој долг пред извесен период е наплатен преку извршител?!

Она што не загрижува нас директоре како сериозна политичка партија е зошто комуналното не си ги подмирува долговите и зошто вие како директор го

изложувате истото на дополнителни трошоци за присилна наплата?!

Дали неговиот шеф со функција Градоначалник знае во каква состојба е ЈКП “Брегалница” на неговиот миленик?!

Дали воопшто знае да раководи и управува со средствата кои ги добива претпријатието од граѓаните?!

Дали граѓаните се должни да плаќаат за вашите казни, заборавени рокови , запоставени службени возила? И кој ви е планот да одговорите на сето ова …но и на следните наши факти и докази на теми , кој ќе се од исклучителен интерес на сите граѓани во Делчево а за кои ќе известуваме многу наскоро…

#СеГледамеНаскоро“

-стои во објавата напишана на социјалните мрежи во прилог на видеото од прес конференцијата на Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот