Во продолжение интегрално ја пренесуваме реакцијата упатена денеска до јавноста од страна на Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Иван Јорданов:
“Просторот во кој дејствуваат политичарите се територијата и времето. Доколку изгубат територија не е многу страшно, постојат можности да се поврати. Но доколку го изгубат времето, никогаш не можат да го вратат.” – Наполеон
Неопходно е прогласување на кризна состојба на територија на цела држава, со цел преземање на итни мерки.
Во овие тешки времиња за Македонија, потребни се навремени и прецизни одлуки. Македонските стопанственици веќе алармираат дека доколку не се превземат итни чекори за помош во стопанството штетите од кризата ќе бида катастрофални. На овие нивни барања владата се уште останува нема. Во некои од државите во регионот, но и големите европски и светски економски сили веќе почнаа со примена на разни мерки што би требало да ја поддржат економијата. Според сите проценки, допрва ќе се се повеќе почувствуваат последиците од кризата предизвикана од пандемијата.
Затоа неопходни се итни мерки за ублажување на ударот врз стопанството. Во спротивно, доколку не бидат превземени итни и неодложни чекори во опасност се ставаат иликадници работни места. Голем дел од компаниите нема да можат да ги сервисираат своите обврски кон доверителите, државата и работниците, а тоа ќе значи отпуштање на работници и затворање на работни места. Сценарио кое никој не го посакува, но е многу реално доколку владата на Р.Македонија не реагира навремено.
Ова е уникатна ситуација која бара одлучност и носење на уникатни одлуки.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко
Кривична пријава за жител од Македонска Каменица: Ширел расистички и ксенофобичен материјал на социјални мрежи
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари