Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип на прес конференција во јавноста алармираа за потенцијалната опасност за ескалација на состојбите со пандемијата со корона вирусот во околина на работните услови на над 8000 вработени во текстилно-кожарската индустрија во оваа општина.
Во продолжение во целост ја пренесуваме нивната прес конференција;
“Почитувани,
Текстилно – кожарската индустрија како доминантен индустриски сектор во Општина Штип со над 8000 вработени заслужува посебно внимание и антикризни мерки.
Со оглед на природата на работата, работните услови кои предвидуваат и по 300 луѓе во една просторија на минимално растојание и превоз во спротивност на препораките за заштита, овие компании може да се претворат во вистинско жариште.
Бараме итно Општина Штип да иницира до Владата на Република Македонија преземање на антикризни мерки кои ќе се однесуваат конкретно на овој сектор и ќе ги заштитат заедно и работниците, и на работодавачите.
ВМРО ДПМНЕ како политичка партија веќе предложи низа на антикризни мерки за финансиска поддршка на компаниите како истите би успеале да ги одржат своите бизниси во овој критичен период.
Тие се познати на јавноста и предлагаме истите да бидат прифатени.
Од суштинско значење во овој период е текстилните фабрики времено да престанат со работа и вработените во целост да бидат заштитени, или во ургентни случаи работата да биде реорганизирана во повеќе смени во помали групи, просторна оддалеченост на вработените и соодветен транспорт во помали групи.
Почитувани, предизвикот е голем.
Сплотено и заеднички со навремени мерки да спречиме ескалација на состојбата со вирусот и евентуален колапс на најголемите носители на вработеноста во регионот.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година