БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претседател на Општинската изборна комисија во Пехчево осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување

Пренеси го гласот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.К.(43) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на мај 2019 пријавениот, во својство на претседател на Општинска изборна комисија – Пехчево, во текот на  спроведување на „Претседателски избори 2019“ свесно ги пречекорил границите на службеното овластување и овозможил да бидат исплатени парични средства на двајца заменици членови на ОИК-Пехчево, Ж.К. и Б.К. од Пехчево, иако не биле ангажирани за извршување работни обврски во текот на спроведување на изборите. Г.К. своеволно ги пополнил обрасците (ПРФ-Формулар за присуство на работа на наведените лица) и истите ги предал во финалниот извештај за работа на ОИК, заедно со формуларите на другите членови кои учествувале во спроведувањето „Претседателски избори 2019“, со што на незаконит начин им овозможил да прибават имотна корист, нанесувајќи штета на буџетот на ДИК на РСМ. 

Извор: МВР

Креирано од:


Пренеси го гласот