
На денешната прес конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа објавени последните 10 кандидати за градоначалници на оваа партија и здружената коалиција.
Генералниот секретар Христијан Мицковски ги објави имињата на следните кандидати:
-За Центар, го предлагаме господинот Дејан Јовановски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, познат спортист, кошаркар со импресивна кариера во кошарката, генерален секретар на македонската кошаркарска федерација во 2016 година, почитуван помеѓу колегите и граѓаните.
-За општина Могила, го предлагаме господинот Стевче Пивковски, познат стопанственик, чесен и работлив човек, со голем углед во општина Могила.
-За Илинден, го предлагаме актуелниот градоначалник, господинот Жика Стојановски, кој во текот на изминатиот мандат има реализирано голем број на проекти за својата општина.
-За општина Македонски Брод, го предлагаме актуелниот градоначалник, господинот Милосим Војнески, човек со голем број на остварени проекти зад себе, угледен и почитуван граѓанин.
-За општина Лозово, го предлагаме Јордан Илиевски, правник, вработен во Управата за Имотно правни работи.
-За општина Делчево, го предлагаме господинот Иван Соколов, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, стопанственик, почитуван и угледен граѓанин, познат во градот но и пошироко.
-За општина Берово, го предлагаме господинот Никола Атанасов, моментален претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Берово, докажан работник, силен карактер, почитуван помеѓу своите сограѓани.
-За општина Теарце, ВМРО-ДПМНЕ го предлага господинот Војо Гогоски, магистер по шумски науки, вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, угледен граѓанин и посветен на работата.
-За општина Кичево, ВМРО-ДПМНЕ го предлага господинот Влатко Сајкоски, дипломиран правник, фамилијарен човек, сопруг и родител на 3 деца.
-За општина Зелениково, го предлагаме господинот Александар Манев, вработен во МЕПСО, семеен човек, работлив и почитуван и уледен сосед.
Со ова е заокружен бројопт на кандидати за градоначалници на општините ширум Македонија каде партијата е убедена дека ќе ја добие убедливо довербата на граѓаните во трката за прв човек на овие општини.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Кочани Грозданов заедно со граѓаните ќе биде дел од чествувањето на Водици во понеделник
Министерката Весна Јаневска во работна посета на УГД – фокус на квалитетот во високото образование
Цветан Трипуновски: Со поддршка на европските партнери можеме да изградиме конкурентно, одржливо и модерно земјоделство во интерес на земјоделците