Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска со свој фејсбук статус се обрати на Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи.
Статусот го пренесуваме во целост.
“Срам ми е што дишам ист воздух со мизерии како Фатиме и Кацарска. Животните имаат повеќе осет за правда од овие марионети. Да осудиш без докази, да газиш на судење и покрај очигледните спротивни тврдења на сведоците кои си ги довлечкал на суд и да осудиш шест години, додека новиот ментор ти се возика во дотичниот мерцедес е бурлеска.
А мори Фатиме, простачке од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ, кај ќе ти оди душата, кој ти даде тебе диплома, сраму еден. И ти Кацарска, кому отплаќаш за службата на претходните ментори?
Мислите ли вие со главите, што ќе биде кога нема да им требате на хунтата и странските нарачатели??? Како легнувате, како станувате… од такви како вас, нема ЕУ!”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко
Кривична пријава за жител од Македонска Каменица: Ширел расистички и ксенофобичен материјал на социјални мрежи
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари