БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ивановски: Пругата Бељаковце – Крива Паланка се гради со силна динамика

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“ Бележиме засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка.  Оваа делница е во должина од 34км.  Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194м, еден од трите неизградени мостови, од вкупно 29 мостови”- објави на својот фејсбук профил директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски и дополни:

“ Парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26 – те полуизградени мостови од 1990 – тите. Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи а до моментов се произведени 71, со динамика од 10 неделно.

Вкупен прогрес на проектот е околу 40%.  Проекцијата до крајот на оваа година да се стигне до 50% реализација на проектот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Продолжуваме со засилено темпо до конечна реализација на овој капитален инфраструктурен проект”

Креирано од:


Пренеси го гласот