БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изјава од британскиот министер за трговија и извоз Гарет Томас, по потпишување на меѓувладиниот договор меѓу Македонија и Обединетото Кралство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во продолжение го пренесуваме текстот на интегралната изјава на Гарет Томас, министер за трговија и извоз на Обединетото Кралство по потпишување на меѓувладиниот договор меѓу Македонија и Обединетото Кралство.

“ Навистина е задоволство да бидеме домаќини на вицепремиерот Николоски тука во Лондон, како и на големата делегација составена од други министри и претставници од кабинетите, за потпишувањето на нашето меѓувладино партнерство. Обединетото Кралство и Македонија имаат навистина силни билатерални односи како сојузници во НАТО и ова ново партнерство е значителен чекор напред во идната трговија меѓу нашите две држави. Навистина сум возбуден што македонските и британските бизниси ќе работат заедно за да можат да испорачаат важни инфраструктурни проекти во Македонија. Меѓувладиниот договор ќе поддржи испорака на клучни проекти, прво со фокус на модерни здравствени установи и пристап до здравствени услуги. Секако тука е и новата железница, со што ќе се намали и времето на патување и за луѓето и за стоките.

Инфраструктурните инвестиции знаеме дека се клучни за да се поттикне економскиот раст и да се подобри животот на граѓаните. Знам дека тоа е наша заедничка цел, за нашите влади се разбира и ова партнерство е поддршка за таквата испорака, за да се поттикне растот, да се споделат најдобрите практики меѓу нашите две нации, и секако односот меѓу нас да дојде на едно ново ниво”- изјави Гарет Томас министер за трговија и извоз на Обединетото Кралство.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace