Овозможување на подобра проточност и безбедност за пешаците по улиците на Штип е еден од главните приоритети за работа на градоначалникот на општината Иван Јорданов. Во рамки на неговата годишна програма започна изградбата на нов тротоар на улицата Сутјеска што беше едно од барањата за реализација на самите жители во изминатиот период.
“По барање на жителите од ул.Сутјеска, денес започнавме со изведба на нов тротоар со вградување на павер елементи на површина од 850м2, во износ 1.075.300 денари.
Нашата цел е на сите оние кои го користат овој потег да им обезбедиме непречено и безбедно движење.
Затоа и во наредниот период интензивно ќе работиме на создавање нови пешачки површини на територијата на Општина Штип со цел да имаме безбедни пешачки зони, по кои ќе можат да се движат нашите сограѓани.”
-информираше денеска градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево