БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Закажано снимањето на Mortal Combat 2 за претстојното лето

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Иако римејкот на филмот Mortal Combat доживеа поделени импресии, кој се емитуваше на XBO Max мрежата, сепак овој филм беше еден од нивните најгледани филмови во 2021 година. Студиото кое што ги има правата за филмска екранизација на овој култен гејмерски универзум минатата 2022 година ги придвижи работите напред кон второто продолжение на филмот за еден од најпопуларните гејмерски брендови. Mortal combat 2 се планира да започне со снимање претстојното лето во месец јуни во Австралија. Снимањето ќе трае неколку месеци а завршувањето на теренското снимање на филмот се планира да заврши во септември.

Поделените мислења на критиката и публиката за првиот дел од филмот, овозможи светска дебата кај фановите за пропустите кои што тој ги имаше, со што се отвара пат за големи подобрувања кои што треба да го постават продолжението на Mortal Combat на вистинскиот пат за светски успех за задоволување на критиката но и светската армина на обожаватели на овј култен бренд на модерната поп култура.

Богатството од ликови кои што ги има во универзумот на Mortal Combat како и нивниот карактерен и културолошки диверзитет и идентитет ги комплицира работите до максимум, што создава потешкотии за еден толку богат свет да биде пресликан во двочасовно филмско дело на достоен начин.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Она што публиката очекува да го види во новото продолжение на филмот е сигурно автентичност на оригиналниот материјал, спектакуларни борбени сцени со многу експлицитни деструктивни фатални завршетоци на борбите како и во видео игрите на Mortal Combat.

Креирано од:


Пренеси го гласот