Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во текот на вчерашниот ден во попладневните часови беше во друштво со свои сограѓани од исламска вероисповест.
Тој по повод исламскиот месец Рамазан упати своја порака за обединување, сплотеност и единство во функција на заедничкиот подобар и перспективен живот.
“Денешниот Ифтар заедно со моите пријатели од исламска вероисповед во духот на единството и хармонијата во која живееме, сплотеноста меѓу нас е мотивот да продолжиме заеднички за подобар соживот. “
-соопшти градоначалникот Виктор Паунов за јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски