БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонскиот устав е најменуваниот устав од државите во регионот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во синоќешното свое гостување во централниот дневник на ТВ Сител, професорот по уставно право Александар Спасеновски зборуваше за околностите под кои се случуваат актуелните обиди на власта да протуркаат нови измени на Уставот на државата.

Тој во одговор на прашање на водителката истакна дека Уставот на Македонија е најменуваниот устав во споредба со сите држави во регионот кој што досега е променет дури 7 пати во период од 30 години. Дури 4 пати Уставот на Македонија е менуван под притисок на политички околности што го прави еден од најпорозните документи од таков тип во меѓународни рамки.

Уставните промени кои што ги туркаат власта на СДСМ и ДУИ и се најавени за претстојниот период под диктат на т.н. француски предлог под Бугарски диктат за внесување на бугарите во Уставот заедно со дополнителни прашања кои што изникнуваат како габи после дожд од разно-разни политички структури во државата, ќе бидат 8-ми уставни промени што апсолутно е рекорд на промени на еден Устав како најзначаен државен акт за конституирање на една држава.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целото интервју со професорот Александар Спасеновски погледнете го во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace