БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изложба на 50 автомобили ” Буба” во трговскиот центар во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На Големиот паркинг кај Трговскиот центар во Кочани се одржа изложба на автомобили од моделот на фолксваген (Буба) Пред кочанската јавност беа претставени педесетина модели на популарната „буба“ од цела Европа.

Александар и Влатко Јовановски од Кочани, како организатори , веќе четврти пат прават презентација на возила во Кочани од ваков тип.

“Сопствениците на „буби“ се едно големо семејство, кое ја користи секоја прилика да им ги покаже своите миленици на граѓаните, за да се сподели почитта кон овој легендарен автомобил. Ова возило е конструирано така да може да се вози и на Северниот Пол и во Сахара”

-изјавил Влатко Јовановски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Учесниците од Србија изјавија:

“Ова е прекрасна можност да се видиме со пријателите-сопственици на „буби“, како од Македонија, така и од другите земји, да размениме искуства и си ги раскажуваме случувањата помеѓу едно и друго видување. „Бубата“ е посебен автомобил и затоа нашата љубов кон неа е посебна” .

Изложените автомобиле примамиле голем број на љубители на Бубата. Посетителите биле задоволни од посветеноста за нивниот внатрешен и надворешен изглед.

Извор: Општина Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace