БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изнајдено решение за кризата со градската депонија во Кочани на состанок на градоначалниците на Кочани, Виница и Зрновци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изнаоѓањето решенија за проблемите поврзани со функционирањето на Градската депонија во Кочани  беше единствената точка на дневниот ред на состанокот што го одржа градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со градоначалниците на соседните општини Виница и Зрновци, Миле Петков и Борчо Коцев и со директорите на комуналните претпријатија.

Општина Кочани побара од соседните општини да го стопираат дотурот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани, сѐ до моментот на создавање услови за  нејзино нормално функционирање, односно влегување на механизацијата на фирмата „Ескаваторе“, избран оператор за проектот за воспоставување Регионален систем за управување со отпад од Министерството за животна средина, Министерството за финансии и програмата ИПА 2 на Европската Унија и работа во насока на затворање на Градската депонија во Кочани.

Исто така, Општина Кочани побара од соседните општини во меѓувреме да изнајдат сопствени локации на кои, со одобрение на Министерството за животна средина ќе може да се депонира отпадот што се создава на нивната територија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Општините Виница и Зрновци предложија, по нормализирањето на работата на Градската депонија во Кочани,  да учествуваат со финансиски средства за обезбедување 24-часовна чуварска служба, како и за обезбедување механизација и фирма за одржување на депонијата.

Општина Кочани бара од Министерството за животна средина кофинансирање за одржување во функција на Градската депонија во Кочани, поради неможноста КЈП „Водовод“ – Кочани да се справи со дополнително наметнатите финансиски трошоци произлезени од проектот за воспоставување Регионален систем за управување со отпад.

По предлозите и заклучоците од денешниов состанок треба да се произнесе и Министерството за животна средина, сѐ со цел да не дојде до загрозување и прекинување на реализацијата на европскиот проект за управување со отпад. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace