Денеска во Делчево на средба со производителите на сина слива од општините Делчево и Берово, Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изнајде поволно решениe за проблемите со откупот на овогодинешниот род на сина силва кој што се цени на околу 2500 тони.
На средбата со мнозинството присутни на производители на сина слива Министерот Трупуновски ги ислуша проблемите со кои што се соочуваат овие земјоделци со години наназад и врз основа на нивните барања предложи решение со кое што Министерот Трипуновски и владата предводена од Премиерот Христијан Мицкоски им излегуваат во пресрет на нивните барања.
Според присутните земјоделци ваква средба на највисоко ресорно ниво се случува после подолг временски период во кој што самите земјоделци беа оставени на милост и немилост на неприликите во изминатите години.
Со конституирање на новата влада во која што една од централните политики ќе биде земјоделието каде што трудот на земјоделецот ќе биде соодветно вреднуван и ценет а притоа ќе бидат реализирани силни развојни мерки и политики во наредниот период во интерес на земјоделците, Министерот Трипуновски ја изрази својата решеност да се спаси оваа година се што може да се спаси од производството на слива во Пинаецот и Малешевијата со што земјоделците ќе имаат цена која што ќе овозможи тие и понатаму да продолжат во одгледување на нивните насади. Министерот Трипуновски ја најави својата целосна посветеност на сите расположиви институционални капацитети во рамки на неговиот ресор за да се обезбеди пласман по соодветна цена за производителите на слива. Тој истакна дека ќе го искористи целиот свој капацитет да воспостави комуникација со странски откупувачи од соседните држави кои што ќе понудат достојна цена за пијанечко-малешевското модро злато.
Како мерка на Министерство во рамки на интеревентниот фонд Министерот Трипуновски најави дека на наредната седница на Влада пред Премиерот Мицкоски ќе предложи цена од 5 денари дополнителна интервентна поддршка за предаден килограм во регистриран откупувачки капацитет со што трудот на земјоделците во овој сектор ќе биде соодветно валоризиран.
Ваквите заложби и најави на Министерот Трипуновски беа со драго срце прифатени од самите присутни производители на слива со што видно се врати нивната решеност да опстојат и понатаму во одгледување на сина слива и за наредната годфина имајки предвид дека пред ваквите најави на Министерот Трипуновски голем број од производителите на слива размислуваа да ги напуштат нивните насади.
Понатаму покрај ова “гасење на пжжар” во ресорот на производство на слива Министерот Трипуновски најави пред самите земјоделци и присутните медиуми дека Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во периодот по успешно спроведениот откуп на сина слива од овогодинешната реколта од месец октомври натаму силно ќе се зафатат во креирање на мерки кои што ќе значат интензивна поддршка за мали преработувачки капацитети, семејни дестилерии и техничко-технилошки процеси за преработка и пакување на слива и производи од слива со што самите производители ќе можат да добијат додадена вредност за својот род.
Според Министерот Трипуновски само така во наредниот период ќе испееме заеднички да создадеме горди земјоделци кои што нема секоја година мака да мачат со пласманот на својот годишен род на сина слива.
Ваквите дополнителни најави со воодушевување и силна посветеност беа прифатени од самите присутни призводители на сина слива со што видно беше враќањето на ентузијазмот и очекувањата од оваа работа која што со генерации наназад се пренесува од колено на колено со што живее традицијата на ова наше поднебје по која е нашироко препознатлив самиот регион.
По завршувањето на средбата со производителите на слива од Делчево, Берово и Пехчево во врска со обезбедувањето на пласман за реколтата од оваа 2024 година Министерот Трипуновски во изјава за Брегалнички Портал рече:
“Она што денеска го добив како информација е дека се очекува род од околу 2500 тони од овие три општини. За жал родот е со полош квалитет бидејки имаше на почеток на годината град, а и со топлото време се очекува дека оваа слива да биде наменета претежно за индустрија. Она што јас им го пренесов на земјоделците е дека какко министерство веќе сме во сериозни преговори за еден откупувач од соседна Србија да откупи голема количина на слива од овој регион и дополнителни откупувачи, практично целата количина од 2500 тони да се откупи родот за да не остане дома.
Во името на владата како министерство им ветив на земјоделците дека нема да ги оставиме сами, нема да бидат препуштени сами на себе, туку напротив, како влада ќе интервенираме со дополнителна мерка за да ја компензираме загубата која што би ја претрпеле. Ако откупната цена за оваа година на сливата се движи за 9 до 10 денари ние како министерстов, како влада сме подготвени да ја доплатиме разликата до 14 односно 15 денари се со цел земјоделците да бидат задоволни. И оваа мерка која што веќе на некоја од наредните седници на влада ќе ја поминеме како официјална мерка ќе биде исплатена од интервентниот фонд веднаш по завршувањето на бербата. Тоа значи дека земјоделците ќе ги добијат парите во рок од околу 30 тина денови по завршување на бербата, се со цел да го компензираат трошокот и да биде стимул веќе за наредната година.
Она што веќе го дефиниравме како заклучок од состанокот е дека како министерство сериозно ќе работиме веќе за наредната година за да овој дел од Република Македонија биде сериозно поддржан во делот на одгледување на оваа култура, затоа што овде најмногу успева. Тоа значи дека министерството ќе носи конкретни програми и мерки кои што значат долгорочно решавање на проблемот со пласманот на сливата, а од друга страна ќе значи и зголемен извоз в делот на преработки а не само примарен земјоделски производ кој што нормално ќе има ефект и врз нашата економија. Ќе се динанира изградба на дестилерии, преработувачки капацитети, се со цел долгорочно да се реши овој проблем а не да биде вака стихијно од година во година за да се преброди годината. “
-рече Министерот Цветан Трипуновски пред нашата камера.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не е информирана и надлежна за проблематичниот погреб на делчевец а прашањата ги препратиле до ЈКП “Брегалница”
Иван Гоцевски: Кој дозволил телото на починат жител на Делчево да биде погребано надвор од христијанските гробишта?
Морбиден настан во Делчево: Покоен делчевчанец погребан надвор од христијанските гробишта на крајно примитивен начин