Вечер на камерна музика со ансамблот на „Игњац Фукс” што ќе се одржи денес во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, можат да уживаат сите љубители на музичката уметност. Во ансамблот на „Игњац Фукс“ членуваат македонско-австриската виолинистка Фросина Богдановска, хрватскиот уметник Хрвоје Филипс кој свири на виола, македонско-хрватскиот контрабасист Илин Диме Димовски, српскиот кларинетист Александар Тасиќ, обоистот Дарио Голчиќ од Хрватска, како и македонско-американската пијанистка Јана Павловска-Молц.
Уметниците од овој ансамбл ќе изведат дела од Александар Арутиуниан, Сергеј Прокофјев и Јохан Михаел Хајдн.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје
Фетаи на Меѓународниот ден против корупцијата: „Интегритетот не е слоган; тој е основата врз која се гради довербата, се открива просперитетот и се обезбедува нашата заедничка европска иднина“
НУБ “Св. Климент Охридски” Скопје достојно го одбележа денешниот празник