37 годишниот параглајдерист од Киев, Украина се здоби со повреди во незгода која се случила околу 14,50 часот при скокање со параглајдер, при што случајот бил пријавен од страна на вработени во Националниот парк „Галичица“. Украинеот со параглајдер паднал на планината Галичица, кај месноста „Баба“, по што екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид, веднаш се упатила на посоченото место, а била известена и планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош. Тој е пренесен во болницата Св.Еразмо каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ