Врз основа на Изборниот законик, а во организација на ОИК, точно напладне исто како и во останатите градови на државата, кандидатите за градоначалник на Делчево Иван Соколов, кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и Горан Трајковски, канидат од редовите на СДСМ и коалицијата со ветување дека ќе го почитуваат Изборниот кодекс а со тоа дека ќе ги почитуваат и принципите на демократијата и доброто владеење со цел да придонесат за развој на демократско општество.
-Изборниот процес треба да помине во најдобар ред и Делчево да биде пример за цела Македонија, истакна кандидатот од редовите на СДСМ.
– Со потпишувањето на овој документ не само декларативно туку и во пракса ќе застанеме заедно овие избори да бидат фер и демократски, истакна Иван Соколов кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ.
На чинот на потпишување на документот присуствуваа сите кандидати за советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како и дел од кандидатите за советници од СДСМ Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево