
Кинескиот воен врв се повеќе притиска за враќање на Тајван во родното пристаниште по воен пат. Претседателот на НР Кина Си, исто се залага за воена операција. Поранешен заменик командант на воениот регион Нанџинг Ванг Хонггуанг: „САД и Јапонија ќе имаат само три дена да интервенираат во воената операција на Кинеската армија на Тајван, по што учеството во одбраната на Тајван ќе биде бесмислено – сценариото на војната е опишано во неговата статија од 2018 година,“ кој го цитира SCMP.
Првата фаза од операцијата ќе биде три бранови масивни воздушни и ракетни напади изведено со ракети со долг дострел. Нападите ќе бидат изведени на аеродромите, командните центри, поморската инфраструктура и објекти за противвоздушна одбрана. Армијата на НР Кина може да истрела неколку илјади ракети во првите три бранови напади. Дополнително, целите на првите удари ќе вклучуваат комуникациски, енергетски и транспортни центри, мостови и тунели, телевизиски и радио станици, како и политички и командни центри.
Во втората фаза, Кинеската армија ќе спроведе поморски десант на повеќе места на брегот на Тајван под закрила на ракетните, воздушните и поморските сили.
Во исто време, Кинеската армија ќе изврши воздушен десант на своите падобрански единици длабоко зад тајванските трупи и брзо да напредуваат за да го опсадат и заземат главниот град Тајпеј.
Додека ќе трае воената операција за враќање на Тајван, Кинеската воена флота ќе изврши блокада на Тајван, и ќе го спречи секој обид за помош на Тајван од страна на САД и Јапонија. НР Кина е спремна да ги активира и своите нуклеарни единици за да ги одврати САД и Јапонија од намерата да му помогнат на Тајван.
Пишува: Дарко Тодоровски
Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата