Во музејот во Битола, во наредните седум дена ќе биде поставена изложбата „Кина во моите очи“, по повод 70 години од основањето на Народна Република Кина.
„Битола како мултикултурен град е домаќин на изложбата, преку која секој посетител може да ја доживее Кина на свој, специфичен начин. Задоволство ми е што заеднички прославуваме еден ваков значаен јубилеј“, истакна заменик градоначалникот Емилија Костурски.
Пред присутните се обрати и Мао Кингвен, советник во амбасадата на Народна Република Кина во земјава.
„Кина има инклузивна меѓународна соработка. Затоа Кина цврсто практикува независна и силна надворешна политика и политика на отворени врати кон светот. Освен ова, Кина ја интензивира меѓународната соработка преку иницијативата „Еден појас, еден пат“, со цел на реализирање на меѓународни односи базирани на взаемна корист и создавање на заедница на човечката судбина“, рече Кингвен.
Настанот, кој го организираа амбасадата на Народна Република Кина, Општина Битола и Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, беше збогатен и со традиционална кинеска храна.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ген-Секот на ВМРО-ДПМНЕ со Македонските пратеници Ковачки и Мицевски одадоа почит на гробот на Јане Сандански во Пиринска Македонија
Уставниот суд со поддршка на ЕУ отвора јавна дебата за потреба од носење на Закон за Уставниот суд
Кој губи има право да се лути: На СДСМ не им се по ќејф резултатите од последните анкети за истражување на јавното мислење