Суперхикс е добро позната македонска ска-панк група со реге, латино, џез, свинг и балкански музички влијанија. Групата била формирана во 1993 година, од три средношколски другари: Петар Младеновски, Зоран Жежов – Кечо и Борис Минов. На почетокот, „Суперхикс“ свиреа мелодичен панк/хардкор, но подоцна, во групата била вклучена и тричлена дувачка секција составена од труба, тромбон и флигел хорна, како и моќен перкусионистички сет, воден од Гоце Наумов – Индијанецот.
Во својата кариера, „Суперхикс“ ја делеле сцената со големи имиња од светската музичка сцена, како: Ману Чао и Радио Бемба Саунд Систем, Хаус Оф Пеин, Грин Деј, Феит Но Мор,Д Хајвс, Гогол Бордело, Инер Сиркл, Фан Ловин Криминалс, Тито и Тарантула, Хенри Ролинс, Рико Родригез (Спешлс), Фишбоун, Фандаментал, Морчиба, Хладно пиво и многу други.
Култниот музички состав „Суперхикс“ кој оваа година одбележува 25 години постоење на сцената, на 28 јули ќе одржи концерт во „Kadmo beach & bar“ во Охрид.
Карти за концертот на „Суперхикс“ во Охрид, можат да се најдат во претпродажба по цена од 200 денари во „Kadmo beach & bar“, како и во „Kadmo bar“ во центарот на Охрид.
Повеќе информации и резервации на: 078 288 365.
Концертот почнува во 22 часот.
Суперхикс ветува незаборавна забава!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово