БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кинескиот пијанист Хају Жанг ќе настапи во Mакедонската филхармонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кинескиот пијанист Хају Жанг, на 5 април во Камерната сала на Македонската филхармонија ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од Бетовен, Шопен, Дебиси и Равел.

Во концертната сезона што изминува, Жанг беше ангажиран со настапи со Руската национална филхармонија и Владимир Спиваков, со Германскиот камерен оркестар на Берлин, Симфонискиот оркестар во Нинберг, Израелскиот симфониски оркестар, Националниот камерен оркестар на Ерменија….

Бројни се неговите настапи низ европските музички центри во најдобрите концерти сали, како и концертите на престижните фестивали за класична музика.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Само во 2016/2017 година настапил пред повеќе од 50 илјади публика одржувајќи 30 рецитали во големите концертни сали низ Кина.

Зад себе има три албуми за „Класикс“, а го подготвува и четвртиот со пијано концерти од Моцарт. Хају Жанг заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и маестро Јерухам Шаровски од Израел зад диригентскиот пулт, гостуваше како солист на големата турнеја на нашиот оркестар во Кина во декември минатата година.

Извор : Нова

Креирано од:


Пренеси го гласот