БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кирчо Анастасов: Делчевчани, станете да се ослободите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Го променија името на Република Македонија!

Ја брусеа гордоста на Македонскиот народ со менување на историја…

Затвараа, заплашуваа, уценуваа, кодошеа, прогонуваа Македонци насекаде…

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Го продаваат Гоце Делчев како евтина стока на пазар!

Го крчмат Илинден како да е бавча од татко им!

Го предаваат единствениот наш вистински дом- Македонскиот јазик!

СТОП! ДОСТА Е!

И ако тоа не е доволно Зоран Заев да замине во темните страни на историјата, како граѓани на Делчево поставете си ги следните егзистенцијални прашања:

-Дали делчевските средношколци, основци и дечињата во предучилишното образование и воспитување добија подобри образовни услови?-Дали делчевските бизнисмени добија подобри услови за водење бизнис?

-Дали се вратија расселените Македонци и Македонки во своите таткови огништа и домови?

-Дали дишете подобар воздух?

-Дали пиете подобра вода за пиење,

-Дали фекалиите од нашите домови завршуваат во Пречистителна станица и престанаа да ја трујат нашата преубава Брегалница?

-Дали се санираше состојбата со апокалиптичната градска депонија над Делчево и безброј другите депонии како во Делчево така и во руралните места низ цела општина?

-Дали заживеа нашата гордост- планината Голак?

-Дали ви пречи бруталната партизација на администрацијата и непотистичккото вработување на ќерки и синови, сопруги и сопрузи на функционерите на СДСМ во општината?

-Дали владеат законите, правдата и правдини за секого подеднакво во Делчево?

-Дали заработувате повеќе и живеете подобро, почитувани мои делчевчани?

-Дали добивате подобри здравствени услуги во секундарното и терциерното здравство?

-Дали како пензионери вашата пензија ви е доволна за да го поминете тековниот месец?

-Дали патувате побезбедно во сообраќајниот метеж низ улиците во Делчево и кон околните градови и места?

-Дали влегоа нови инвестиции во Делчево кои значително го подобрија животниот стандард и ја намалија невработеноста во нашиот град?

СТОП! Доста е!

Делчевчани знаат подобро!

-Фејсбук статус на Кирчо Анастасов

https://www.facebook.com/100001546445613/videos/3605069856221194/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace