БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Клучното прашање е зошто не е распишана централна потерница за исчезнатото возило, прашуваат од опозцијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференциа упати повеќе дилеми и прашања кон министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со монструозниот случај на убиство на младата Вања и повозрасниот велешанец Панче:

“Почитувани,

И по 48 часа од поставените прашања до Спасовски, а со цел разјаснување на дилемата дали убиството на Вања можело да биде спречено, тој молчи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Спасовски молчи и не одговара дали возилото на убиениот Панче, со кое е киднапирана Вања, 3 дена се движело по скопските улици. Ова е важно затоа што доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот Сејф Сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи.

НИЕ СМЕ ДОЛЖНИ НОВИТЕ СОЗНАНИЈА ШТО ГИ ИМАМЕ И ДИЛЕМИТЕ КОИ СЕ ОПРАВДАНИ ДА ГИ ПОСТАВИМЕ ВО ЈАВНОСТА.

Спасовски мора јасно и без политизирање и филозофирање да одговори дали возилото на убиениот Панче влегло во Скопје од правец на Велес уште на 24 ноември, 15 тина минути пред 7 часот и дали се до 27 ноември – денот на убиството на Вања, истото се движело низ Скопје, без полицијата да ги приведе убијците?

Дали истото возило поминало на истата локација од која што влегло на 24ти и на 25ти вечерта?

Спасовски мора да одговори, дали МВР знаела, т.е. имала можност да го лоцира возилото, но тоа не е направено затоа што не распишале централна објава?

Повторувам, зошто кога семејството на убиениот Панче пријавува дека тој е исчезнат со возилото уште на 22 ноември не е распишана централна објава?

Ова е клучното прашање, зад кое се крие одговорот за пропустот на МВР.

Оваа прес конференција има за цел да го постави само ова и единствено прашање. Доколку Спасовски искрено одговори на истото, нема да има човек во Македонија на кого нема да му биде јасно дали имало или не пропуст во истрагата и дали животот на Вања можел да биде спасен.”

-рече на прес конференцијата од партиското седиште пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace