На прес конференција од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево ја алармираат јавноста за се уште нерешениот проблем на трите дечиња од с. Илиово за кои што во изминатиот период слушна целокупната Македонска јавност. Станува збор за три малолетни дечиња кои што секојдневно мораат да пешачат во див предел по 8 километри за да стигнат и да се вратат до службеното комби кое што треба да ги однесе и врати од училиште.Од опозициската партија во Делчево апелираат градоначалникот и Министерот за образование “со заеднички сили и волја да постапат согласно своите ингеренции и да го решат овој проблем на овие три дечиња и нивните родители, со што државата ќе покаже дека може да ги спроведува своите позитивни законски норми во интерес и во заштита на правата на децата и сите граѓани подеднакво!”
Во продолжение во целост го пренесуваме интегралниот текст на прес конференцијата на Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево:
“Почитувана делчевска и Македонска јавност,
Голем број граѓани во изминатиот период слушнаа за секојдневната голгота на три мали дечиња од село Илиово, делчевско. Јавноста со право се солидаризираше со маката на дечињата и нивните родители имајки предвид дека секој ден пред и после училиште мораат да одат сами низ див предел,понекогаш со кал и студ, понекогаш со жештина и прав.
- Иако Согласно член 3, став 1 од Законот за основно образование – “Секое дете има право на бесплатно и квалитетно основно воспитание и образование во основно училиште”, за овие дечиња ова право е ускратено поради тоа што за да стигнат до училиште, овие дечиња мораат да плаќаат за дополнителен превоз.
- И покрај тоа што Согласно член 73 од истиот закон – ученикот има право на ОРГАНИЗИРАН и БЕСПЛАТЕН превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку 2 км од училиштето родителите на овие дечиња мораат да плаќаат дополнителни пари но и самите тие да им обезбедат превоз за на училиште со што им страда нивната семејна работа од која преживуваат,
- Согласно член 113, став 1 од Законот за основно образование – ДИРЕКТОРОТ на училиштето е одговорен за организирање, планирање и раководење со институцијата, како и за остварување на правата на учениците во училиштето, сепак овие три дечиња од село Илиов Делчевско немаат соодветен превоз за да добијат уставно загарантирано образование без проблеми и физички препреки.
- До домот на семејството Спасевски од село Илиово градоначалникот на општина Делчево не успеал да направи соодветна сообраќајница со што ова семејство е дискриминирано во однос на останатите семејства кои имаат какви-сообраќајници до нивните домови.
- За да биде сликата уште по сурова по кажување на родителите нивната приказна наидува на секакви перипетии и отпор за решавање на нивниот проблем кој покрај надлежниот градоначалник стигнал и до Министерот за образование.
Ваквата состојба во која дечињата не ги зема соодветен превоз во близина на нивниот дом, поради што сами мораат низ див предел да пешачат секој ден по 8 километри изложени на секаква опасност, се коси со член 8 од Законот за основно образование кој вели дека Основното образование е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!
Во интерес на решавање на проблемот на ова делчевско семејство како и безбедноста и здравјето на дечињата нашата морална обврска и вредносен систем ни укажува на потребата да се бориме со политички сретства за остварување на правото за образование на дечињата но и нивната безбедност за потребите на нивното образование!
Апелираме до Градоначалникот на општина Делчево, до Министерот за образование со заеднички сили и волја да постапат согласно своите ингеренции и да го решат овој проблем на овие три дечиња и нивните родители, со што државата ќе покаже дека може да ги спроведува своите позитивни законски норми во интерес и во заштита на правата на децата и сите граѓани подеднакво!”
-стои во текстот на прес конференцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видео: Спроведена акција за чистење и уредување на речните водотеци во центарот на село Град, делчевско
Пристигна градежната оператива на Македонија пат во Делчево, ќе се санира клучен проблем кој го засега цел град
Иван Гоцевски: Само во Делчево, градоначалникот ги дели пожарникарите на “ваши и наши”