Концептот кој што ВМРО-ДПМНЕ го промовираше во изминатите две години а сега и на дело започна да го спроведува за професионализација на државните позиции , наголемо може да се согледа во нивниот предлог за технички министер во Министерството за внатрешни работи.
Голем број од властодршците во редовите на СДСМ беа изненадени од решението Драган Ковачки да биде прв човек во МВР пред се поради неговата респектабилна биографија и високиот професионална и кредибилна кариера во текот на неговата работа.
Оттука СДСМ и Зоран Заев со право се противеа на ваквото решение грижејќи се пред се за нивните позиции и намери во тек на предизборниот период.
Дополнително со предлогот на Наќе Чулев за највисоката позиција во МВР, на сите приврзаници на партизацијата на државата во редовите на СДСМ , ВМРО-ДПМНЕ им задава уште поголем удар имајќи го во предвид минатиот труд и импресивна кариера на Наќе Чулев кој што е со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.
Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје.
Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави.
Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.
Се усовршувал за трансформација на конфликти со мировни средства на Софискиот Универзитет во Бугарија. Бил дел и од школата за балканската мрежа за човекови права во Дубровник Хрватска. Учествувал и на безбедносниот форум за стратегиска комуникација и евроатланска интеграција што беше дел од НАТО колеџ за одбрана.
Тој е ново лице во политиката, но не и во секторот на безбедносни прашања. Тој работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање. Чулев е редовен предавач на Дипломатската академија на МНР.
Претходно во периодот од 2013-та до 2017-та година бил директор на Агенцијата за разузнавање. Од 2017-та до 2019-та генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Воедно во 2017-та година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.
Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара, Турција од 2003-та до 2007-ма година. Наќе Чулев е 47 години, роден е во Кавадарци.
Наќе Чулев е дел од семејното стебло, потомок на Илија Чулев и негов внук.
Илија Чулев бил борец за независна Македонија кој основал илегални групи на активисти за таа кауза. Бил партизан, пратеник и суден за идеите на независна Македонија.
Илија Чулев од страна на репресивните органи на тогашниот комунистички режим бил подложен на невидени и најсурови измачувања. Деноноќно претепуван и ставен во безвоздушен кацер.
Во 1948 година, тој им подлегнал на страотните ѕверски измачувања.
Од кацерот го извлекле мртов.
Единствен начин да се запре неговата борба за Независна Македонија било ако се ликвидира.
Тоа и го направиле џелатите на поранешниот комунистички режим.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи