БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кој и со која цел ја прекројува традицијата на луѓето од Пијанец и поширокиот регион?

Пренеси го гласот

“Голачки фолклорни средби” ако продолжат да ги организираат мрзливите организатори на фестивалот на бината во Делчево во иднина да ги наречат “Делчевски фолклорни средби” и да не го злоупотребуваат името, 28 годишната традиција и благородната идеја за чествување на празникот Св. Пантелејмон на луѓето кои што ја воспоставиле оваа меѓународна манифестација.

Каде со таа мрза? Во ЕУ знаете ли што им прават на мрзливите чиновници?

Дополнително на што сакам да се осврнам е на квалитетот на програмата, промоцијата и содржините на овој фестивал кој наместо да се унапредува со секоја наредна година пропаѓа се подлабоку. Сценографијата на летната сцена во Делчево на она што организаторите го нарекуваат ГФС 2022 беше мизерна а фестивалот личеше на обична фолклорна претстава.

За потсетување Голачки фолклорни средби беше воспоставена во 1994 година како Манифестација на луѓето кои што го чествуваа празникот “Св. Пантелејмон” крај истоимениот манастир-црква на врвот на планината Голак.

Манифестацијата била воспоставена по иницијатива на менаџментот на тогашниот Културен Дом во Делчево а ставена под покровителство на градоначалникот од страна на тогашниот градоначалник на Делчево во 1994 година под интензивните заложби на тогашниот секретар на општината за што постојат документи.

Секаков обид за погазување на првичната навистина благородна идеја од било кого е рамно на предавство на сопствената традиција и постоење.

Што можеби и е цел на актуелната власт со оглед на сите антимакедонски политики кои ги спроведуваат актуелните власти во Делчево.

bregalnickimarketing

Едит: Аргументите дека имало забрана за движење во шума поради опасност од пожари не се доволни за да се оправда уништувањето на народната традиција затоа што регионалниот пат како и атарот на летната сцена и манастирот Св. Пантелејмон лесно може да се контролира од страна на надлежните служби (доколку секако им се работи за да си ја заработат платата). Традицијата не смее да биде заложник на нечија неспособност и неработа.

Пишува: Анастасов Кирчо

Креирано од:


Пренеси го гласот