Дворот на Средното училиште „Љупчо Сантов“ во максимални подготовки за претстојниот „Петровденски турнир“ во мал фудбал. Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ , заедно со општински екипи ги средуваат трибините и околината, како и состојбата на игралиштето од можни неправилности и дефекти на самиот терен.
Според Александар Зафиров, организатор на овогодишниот „Петровденски турнир во мал фудбал“, досега се пријавени 16 екипи, а во вторник, на 3 јули во Салата на Советот на Општината ќе се изврши ждребување по што ќе биде познат распоредот на натпреварите.
„Петровденскиот турнир во мал фудбал“ е една од традиционалните спортски содржини кој се одржува во манифестацијата „Петровденски конаци“.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани
36 годишен жител на делчевското селo Габрово го нарушувал јавниот ред и мир во кафеана а потоа физички нападнал полицаец
29 годишен жител од Кочани физички ја нападнат неговата сопруга