БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кодовите МК и МКД загрозени на производите за широка потрошувачка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во продажните места ширум државата се повеќе почнаа да се појавуваат производи во малопродажната мрежа на чија што амбалажа е изоставен кодот МК / МКД на местото за ознака за јазикот на кој е напишана декларацијата за самиот производ.

Оваа ознака е задолжителна како ознака за Македонскиот јазик за сите увозни производи. Етикетата, односно декларацијата, се нанесува на пакувањето на производот за да го информира крајниот корисник за производот
Увозните производи што се продаваат во земјава во малопродажната мрежа треба да бидат означени со меѓународниот код МК. Етикетата, односно декларацијата, се нанесува на пакувањето на производот или на самиот производ, во зависност од неговиот карактер. Декларацијата е наменета да го информира крајниот корисник, односно потрошувачот, за производот што го купува.
Оваа обврска иако е донесена уште во ноември 2006 година, започна да се практикува од неодамна, откако се донесоа дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со коишто се бара при влез на производот во земјава, тој да поседува соодветна декларација на која ќе бидат пропишани податоците за производот на македонски јазик. Од Министерството за економија потврдуваат дека пазарните испектори се на терен за да извршат детална контрола, но засега увозниците не се казнуваат, туку само се опоменуваат.

Како што неодамна информиравме дел од политичките лидери и повеќе значајни јавни личности јавно побараа бојкот за ваквите производи кои не го почитуваат законското право на граѓаните за дистрибуција на производи на кои стои декларација на Македонскио јазик со меѓународната ознака за самиот јазик.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace