БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кога бугарин ќе се прави поголем Македонец од Македонците поздравете го од Петар Драганов

Пренеси го гласот

Петaр Драганов (1857 – 1928) бил руски филолог, славист и македонист, роден во Комрат, Руска империја. По потекло е Бугарин од Бесарабија. Студирал историја и филологија на универзитетот во Санкт Петербург.

По покана од Бугарската егзархија, од 1885 до 1887 година работи како професор во Солунската машка гимназија.

Во 1885 година тој добива задача да оди во Македонија и како учител да ја продолжи бугаризацијата на македонското население. Неговата мисија, кратко по пристигнувањето во Македонија, добива сосема поинаква смисла – тој станува еден од најзначајните македонолози. Петар Драганов како експерт-лингвист со неговото дело е сосема малку истражувано во македонската лингвистика (не случајно), а не случајно – сосема заборавен од бугарската наука.

Драганов останал во Македонија три години, по што како веќе оформен научник-славист си поставил задача „да ја провери на самото место основаноста на српските и на бугарските претензии на јазикот и народноста на тамошното македонско-словенско население“.

Во Солун доаѓа како приврзаник на бугарскиот став за македонскиот како дел од бугарскиот национален идентитет. Но, по обемните етнографски истражувања во Македонија, изградува сопствени ставови за етничкото потекло и културниот идентитет на Македонците.

Според Драганов, Македонија претставува засебна етнографска целина на Балканот, исто како што македонските говори се дел од посебен македонски јазик.

Гледиштата на Драганов во врска со македонската национална самобитност го привлекувале вниманието на руската, бугарската и на српската јавност, биле негирани како неосновани и несериозни, понекогаш биле оспорувани и од самите припадници на македонската народност, кои го напаѓале немакедонецот Драганов за неговите македонистички ставови. Но сето тоа не ги сменило неговите научни позиции во однос на Македонија. Тој храбро ги брани своите научни сознанија, полемизира и докажува.

Поради ваквите негови ставови кои биле во директен судир со теориите на неговите бугарски работодавачи, Драганов се враќа во Русија каде преку бројни написи и предавања ги поставува темелите на македонистиката во Русија.

Македонската академија на науките и уметностите со неколку свои академици го има истражувано и афирмирано делото на овој научник.

А зошто не се користат ваквите сознанија на Петар Драганов во денешната научна дебата околу актуелните искривоколчени политички збиднувања во Македонија, е прашање кое веројатно ќе остане да лебди неодговорено од најповиканите “интелектуалци”.

Креирано од:


Пренеси го гласот