“КОГА ВЕЌЕ ИМА ПАРИ ЗА НОВИ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА ВО И ТАКА ПРЕВРАБОТЕНИТЕ ОПШТИНСКИ ИНСТИТУЦИИ, ПАРИ МОРА ДА ИМА И ЗА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ И РАЗВОЈОТ НА НИВНИОТ ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС!
Потикнати од засилениот притисок за партиски вработувања во општинските институции и обидот за речиси двојно зголемување на платата на градоначалникот кои што граѓаните на нашата општина ќе ги чинат милиони денари ненаменски потрошени средства, одлучивме како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на последната редовна 26та седница на Советот на Општина Делчево да поднесеме повеќе конструктувни предлози со цел за подобрување образовниот процес за учениците, согледуваајки ја незаинтересираноста на градоначалникот за реализација на потребни проекти за развој на образованието во нашата општина.
Предложивме:
Отварање и бесплатен претстој на децата во клонот на детската градинка во село Разловци,
Бесплатни ученички униформ за децата од двете основни училишта,
Бесплатен оброк за дечињата од прво до петто оделение во двете основни училишта,
Бесплатни таблет уреди за дечињата од четврто одделение,
Бесплатен дневен претстој за дечињата и внучињата на припадниците на Македонските бранители во детската градинка Весели Цветови во Делчево,
Подобрување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на улиците кои водат до училиштата во Делчево.
Во очекување на позитивен одговор од страна на градоначалникот ќе настојуваме овие проекти произлезени од родителите на учениците, училишните одбори и наставниот кадар во наредниот период да бидат реализирани.
Актуелните ненародни политики на СДСМ мора да запрат. Токму затоа на Делчево му се потребни брзи предвремени парламентарни избори за да го сопреме овој погром на деца во нашата општина. Само со убедлив пораз на СДСМ на наредните избори може да го запреме исчезнувањето на Делчево.
#Концепт800Плус#ВМРОДПМНЕ#ЗаДелчево#ПроектиЗаГраѓаните“
-интегрален текст на сопштение на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево проследено со изјава на Претседателот Иван Гоцевски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за транспорт инвестира над 1,2 милиони евра за изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа за граѓаните на Штип
Со пари од амбасадорскиот фонд на САД заврши конзервацијата и реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани
Академијата за роботика и иновации обезбеди донации за три кочански училишта