Тогаш беше сепаратизам затоа што бевме во рамките на друга држава, а сонот ни беше да бидеме свои на своето.
Сега е национализам затоа што одбиваме да го прифатиме диктатот на посилниот, и одбираме да сме лавови макар и еден ден наместо да сме овци цела вечност!
На денешен ден минатата година, слугите на окупаторот ги (зло)употребија механизмите на присила и репресија, за да го сузбијат жарот кај Македонецот за својата татковина.
Шок бомбите ги примивме за шокот да биде сега, а генерациите кои доаѓаат да имаат мир и хармонија!
Секој пендрек на нашиот грб ни го оцрта името нејзино свето и величенствено!
Секој солзавец го вдишавме верувајќи дека со последниот здив ќе викнеме најгласно М А К Е Д О Н И Ј А!!!…
И нема да боли а солзи ќе се ронат…
Ги поздравуваме сите оние кои покрај нас страдаа и беа “колатерална штета”, оние кои барем на момент почувствуваа она што ние години наназад алармираме дека се случува.
Ќе не има повеќе, затоа што репресивниот систем направи нашата љубов да порасне, пркосот и инаетот да зајакнат, целта да е појасна.
Вардар и Македонија се ‘се што имаме, па така уништувајќи ги, направија да немаме што да загубиме !!!
#ВардарВоСрцето #МакедонијаВоДушата
Фејсбук статус на навивачката група Комити-Скопје


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија
СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!
Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија