БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Комити- Скопје за инцидентот со националното знаме на Македонците: Задолжително одбивање на наредба на надреден во случај истата да противречи на моралните и човечките принципи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

И покрај строгата хиерархиска поставеност, дури и во војничкиот кодекс на однесување не само што е дозволено туку е и задолжително одбивање на наредба на надреден во случај истата да противречи на моралните и човечките принципи, или доколку истата е криминална и противзаконска.

По случајот во салата Борис Трајковски, повторно слични случки и во салата Парк во Струмица вечерва. Обезбедувањето се повикува на наредби “од горе”, неморални наредби, нечовечки, криминални и противзаконски…Присилно одземање на знаме, симбол и идентификација на секој Македонец во светот, Ѕвездата на Кутлеш.

Поранешно официјално државно знаме на Република Македонија а сега своеволно некој издава наредби за негова забрана за користење.
Ги повикуваме сите државни службеници, но и приватни агенции за обезбедување да не прифаќаат наредби кои значат деградација и понижување на човечкото достоинство. Самоидентификација со национален симбол на цел еден народ не може и не смее да биде забрането! Во овој случај не постои оправдување од типот “Спроведуваме наредба”, затоа што спроведувањето наредба значи правење злосторство и обесправување на својот народ!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ги повикуваме сите оние кои ќе бидат сведоци на настан од овој тип да ги фотографираат униформираните службеници кои спроведуваат противуставни, противзаконски и антимакедонски агенди. Фотографиите нека ги испраќаат на оваа страна.

Оние кои поради самоидентификација со националниот Македонски симбол или името Македонија ќе бидат гонети, прогонувани, им се вршат притисоци, закани, на работните места, се напаѓани и слично, во нас и Македонскиот народ ќе добијат сојузник кој ќе направи се правдата да биде задоволена!
#НикогашСевернаСамоМакедонија#СтопЗаСамоволнитеСилеџии
#КутлешЕМакедонскиНационаленСимбол

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace