На 76-годишна возраст во Скопје, денес почина македонскиот филмски режисер. Кирил Ценевски.
Кирил Ценевски (роден во Крива Паланка, на 28 јануари 1943 година) e филмски режисер и сценарист.
Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимавал уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот „Цената на градот“ (1970).
Во 1971 година Ценевски го режира филмот „Црно семе“, за којшто добива повеќе награди: „Златна арена“ за режија на фестивалот во Пула, „Златен венец“ за најуспешно деби, „11 Октомври“ и многу други.

Награди: 1971 ФЈИФ Пула, Златна арена за режија / „Црно семе“ 1971 ФЈИФ Пула, Златен венец за најдобар режисер дебитант / „Црно семе“ 1971 МФФ Москва, Награда „Жар птица“ за најдобар режисер дебитант / „Црно семе“ 1972 МФФ Авелино, Награда Laceno D’Oro за режија / „Црно семе“ 1972 Југословенски кандидат за ОСКАР 72 / „Црно семе“ 1972 Награда 11 ОКТОМВРИ за „Црно семе“ 1976 МФФ Карлови Вари, Специјална награда за филмот / „Јад“ 1980 ФЈИФ Пула, Награда „Првомајска“ за филм со современа тематика / „Оловна бригада“ 1980 Награда на филмот од рударите во Раша / „Оловна бригада“ 1980 Сребрен медал на CIDALC / „Оловна бригада“…
Режисерот и сценарист Кирил Ценевски е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2013 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија. Истата година беше првиот добитник и на наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, награда што ја воспостави Друштвото на филмските работници и ја доделува на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Филмографија:
1970: Цената на
градот ( Помошник на режија, )
1971: Црно семе ( Режија, Сценарио, )
1975: Јад ( Режија, Сценарио, )
1975: Леополд Седар Сенгор ( Режија, )
1976: Фазил Хисни Дагларџа ( Режија, )
1976: Еугенио Монтале ( Режија, Сценарио, )
1978: Џафра ( Режија, )
1979: Рафаел Алберти ( Режија, )
1979: Ежен Гилвик ( Режија, )
1980: Оловна бригада ( Режија, Сценарио, )
1982: Мостови – Струшки вечери на поезијата ( Режија, )
1984: Хуаскаран – Анди ’82 ( Режија, Сценарио, )
1985: Јазол ( Режија, )
1987 Хемтекс, режија, документарен, Вардар филм
