Првиот обид за дестабилизирање на Македонија по падот од власта на СДСМ и ДУИ согласно последните избори се случи во четвртокот. Синхронизирани групи претежно на млади луѓе кои го привлекоа вниманието на јавноста пред се во Скопје но и други поголеми градови низ Македонија на крајно недоличен и криминален начин сакаа да испровоцираат етничка нетрпеливост која веројатно според нивни проекции требаше да прерасне во физички судир со полицијата.
Намерите за дестабилизација на државата од страна на структури поврзани со ДУИ за кои што претходно алармираше лично и Премиерот Мицкоски врз основа на институционални информации, почнаа со својата реализација.
Но планерите на ова деструктивно сценарио наидоа на сосема нова безбедносна состојба во државата и реакција на институциите преку која ваквите дејствија беа соодветно осуетени.
Ваквото сценарио решително беше пречекано од МВР под раководство на Министерот Панче Тошковски и останатите раководни структури на чело на министерството. Потенцијалниот физички конфликт за дискредитација на полицијата а со тоа и власта. не се случи. Виновниците за противзаконските дејствија поврзани со овие случувања се изнесени пред лицето на правдата со приведување на повеќе идентификувани лица, можни уште приведувања на други лица и темелна истрага за идентификација на сите сторители на противправни дејства. Меѓу приведените има граѓани од албанска етничка припадност но и од македонска етничка припадност што говори за потенцијалот на овој обид за дестабилизација до кои размери можеше истиот да ескалира. Голем број од приведените на социјалните мрежи имаат фотографии со функционери на ДУИ што секако е своевидна индиција за поврзаноста на овие луѓе.
Следејки ги политичките пораки на опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ пренесени во јавноста во врска со овој обид за дестабилизација, човек не треба да биде голем експерт за да го забележи потписот на истите деструктивни алатки за дестабилизација на државата од пред неколку години што Македонската јавност ги виде во лицето на т.н. Шарена револуција, сега со видоизменети актери и политички пораки..
Ваквиот развој на настаните во себе содржи огромен простор за анализа:
-од една страна за подготвеноста и истрајноста на висината на задачата на безбедносните служби а од друга страна
-постоењето на криминалните структури и умови кои што за политички профит сакаат да ја рушат безбедноста и стабилноста на државата.
Реакцијата на МВР, БЈБ, Секторите во министерството се со целосно нов квалитативен момент во работата на безбедносните служби досега не виден во такви размери на јавна сцена во државата. Целиот ангажман на припадниците на МВР со овој кривично правен настан е во духот на една нова безбедносна доктрина базирана на претхотно големо искуство со вакви слични случувања преку настани кои во основа служат за да предизвикаат удар против легитимно избрана власт на актуелната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. Подготвеноста на раководните лицеа предводени од Министерот Тошковски за справување со вакви хибридни безбедносни закани кои што преку обидот за дестабилизација сакаат да го свртат политичкото расположение на граѓаните кон СДСМ, ДУИ и Левица, наспроти катастрофалниот рејтинг согласно последните избори, очигледно е на високо ниво меѓу професионалците во МВР.
Овде највпечатлив момент за целокупната јавност во Македонија беа силните и многу конкретни и пораки на Министерот Тошковски во чии обраќање познавачите на состојбите можат да препознаат огромно ниво на зрелост, свесност и професионалност но и високото ниво на демократичност кон новинарите и јавноста.
Ваквите обиди за дестабилизација се само вовед во она што се наѕира како правец на делување на актуелните опозициски партии во нивните намери да се доберат до власт или барем да ја разнишаат огромната поддршка што ја има владеачката коалиција во служба на граѓаните.
Најавите на ДУИ за интерпелација на Министерот Тошковски повторно е уште еден сегмент во ова сценарио за урнисување на безбедноста преку обид за делигитимирање на еден од клучните политички фигури во синџирот на безбедносниот систем во државата. Барањето пак за лидерска средба на СДСМ е нивен обид за нивна факторизација на политичката сцена и покрај катастрофално малата поддршка што оваа политичка партија ја доби од граѓаните на изборите во мај. Делувањето на Левица пак во овој политички комплот е преку националистички провокации на своја страна да придобијат што е можно повеќе порадикални националистички структури преку делување со добро препознатлива герила на социјалните мрежи играјки на карта на емоции на граѓаните, секако на штета на поддршката што ја има ВМРО-ДПМНЕ помеѓу граѓаните со висока национална свест..
Вака анализирајки го ова сценарио интегрално во содејство на трите опозициски партии видлива е пошироката слика преку безбедносна дестабилизација на државата актуелната опозиција да ја разниша владата со цел за повторно враќање на власт на СДСМ и ДУИ.
Ваквото сценарио на политичка борба преку безбедносна дестабилизација ставајки го под знак прашање демократскиот капацитет на власта е особено опасно за државата затоа што не нуди напредок, ниту развој на било која сфера за доброто на граѓаните, туку силен регрес кој уште повеќе може да ја дотолчи Македонија која по 7 годишното владеење на СДСМ и ДУИ е денунцирана по сите основи.
Ова сценарио на изразено левичарски, комунистички и социјалистички структури во Македонија (ДУИ, СДСМ и Левица) кои сакаат преку анархија повторно себеси да се факторизираат на политичката сцена во државата нема да донесе ништо добро за граѓаните кои јасно и гласно кажаа на последните избори во која насока да се движи политичко-општествената состојба.
На Македонските граѓани не им треба ниту нова т.н. Шарена Револуција, ниту меѓунационални конфликти, ниту било какви левичаркско-комунистички револуции, после чија ескалација сакаат да си создадат ситуација во која ќе плачат пред нивните меѓународни поддржувачи!
Македонските граѓани сакаат стабилност, предвидливост, право и правдина кои се основен предуслов за било каков економски развој.
Удирајки по јавната безбедност преку подгревање на тензии во јавнииот дискурс во државата ДУИ, СДСМ, Левица силно работат против напредокот на граѓаните и во крајна мера нивниот економски развој.
Во лицето на високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се на извршни позиции во државата очигледно е мудрото и промислено делување свесни токму за ваквиот начин на делување на СДСМ, ДУИ и Левица кои соочени со сопствената политичка гибел немаат соодветни креативни решанија за политичка борба освен она што најдобро го знаат: ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Уште е време комитско: Бугарската пропаганда во очај не бира сретства за да ја тера својата агенда
Година на фениксот
Помирен ноќен сон може да се постигне ако ја научите тајната на спиењето на левата страна