БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зрелоста на раководството и професионалноста на полицајците не дозволија ескалација на меѓуетнички односи кои ретроградни структури ја посакуваат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Една од најболните точки во Македонското политичко секојдневие лесно можеше да ескалира во текот на вчерашниот ден.

Сценариото кое што очигледно некој подолго време го има подготвувано преку кое планирале да ги потпалат меѓуетничките односи во државата не успеа! Македонија и Македонските институции достојни на предизвикот ја одработија својата работа на максимално професионален начин, очигледно извлекувајки корисни поуки од слични ситуации во минатото.

Македонската јавност во изминатите 7-8 години на јавна сцена виде огромни потреси предизвикани од јавни собири кои што многу често ескалираа во хаос и безредие со многу предизвикана материјална штета но и со голем број пвредени граѓани. Така во времето на владеењето на владата на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски во такви јавни собири редовно страдаше полицијата како и дел од учесниците граѓани, додека во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ многу чести беа интервенциите на специјалните единици на полицијата со нивна интервенција во толпа со користење на физички сретства за пресметка со граѓаните на јавните собири, шок бомби, солзавци со водени топови во приправност итн.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во текот на вчерашниот ден кога повеќе групи на граѓани синхронизирано пристигнаа кај плоштадот Скендер Бег во Скопје, при што беа забележани поголем број на инциденти и незаконити дејства, не беше видлива интервенцијата на полицијата, така што се одбегна потенцијално насилство, безредие и хаос.

Но тоа не значеше дека полицијата не била присутна за што говорат поднесените пријави до надлежни судски инстанци за прекршителите на законот, како и истражните дејствија кои што МВР ги превзема со овие кривично-правни настани.

Резултатот е 10 уапсени лица по досегашните информации на Министерот Панче Тошковски како и голем број на постапки и истражни дејства против повеќе други сторители.

Ваквиот развој на настаните со овој настан лесно можеше да влезе во непосакувано сценарио кое што можеби на поедини ретроградни политички актери во државата им одговара за афирмација на нивното политичко влијание, во недостиг на политики во интерес на граѓаните.

Но, очигледната подготвеност на МВР под раководство на Министерот Тошковски и раководните лица во министерството кои ги пресретнаа и осуетија на вистински начин ваквите можни намери, доликува на респектабилна полициска ангажираност во одбрана на безбедноста и добробитот на Македонските граѓани.

Провокациите за подгревање на меѓуетнички тензии не успеаа точно поради добро обмислената и сеопфатна акција на МВР, а обидите за внесување немир, насилство и тензија се распрснаа како меур од сапуница.

Со ваквата политика на раководните лица во МВР на чело со Министерот Тошковски може да се согледа зрелоста и подготвеноста на МВР за справување со сите можни закани за безбедноста на граѓаните, што секако е еден нов момент за перцепција од страна на граѓаните кои се изнагледаа насилство, безредие, физички пресметки по улиците во Скопје во изминатите повеќе години.

Модерните предизвици бараат постојана иновација, длабока и суштинска анализа и превземање на вистински конкретни чекори за обезбедување на основните функции на институциите на државата, а МВР под раководство на Министерот Тошковски на најубав начин ваквиот нов бран на практицирање на политика во МВР го манифестира во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace