БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Две населби во Делчево деновиве добија нови асфалтирани улици

Пренеси го гласот

Пред неколку денови заврши асфалтирањето на дел од уличната мрежа во населбата Шумски Расадник во Делчево. Станува збор асфалтирање на 4 кракови и делови од кракови во оваа населба во Делчево со вкупна должина од 264 метри со што жителите на овој дел од населбата добиваат конечно подобри услови за живот.

“Заврши асфалтирањето на краци (крак 1А, крак1, дел од крак 2,крак 3 и дел од крак 4) во населбата Шумски расадник со вкупна должина од 264 метри со што после долги години населбата добива инфраструктура согласно урбанистичкиот план.

Општината одговара на барањата на граѓаните и реагира за решавање на нивните приоритети, согласно со можностите на општината.

Инвестицијата за изградба на овој проект е на Општина Делчево, а изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково.”

-информираше градоначалникот на општина Делчево во врска со реализацијата на овие градежни работи пред неколку денови.

Исто така денеска градоначалникот на Делчево во јавноста је пренесе информацијата за реализација на градежни активности во населбата “Пролет” во Делчево каде исто така се асфалтираше дел од уличната мрежа во оваа населба.

Жителите од делчевската населба “Пролет” добија 3 нови делници на улици согласно урбанистичкиот план со вкупна должина од 510 метри.

“Заврши реализацијата на уште еден значаен инфраструктурен проект во Општина Делчево.

Со поставување на нов асфалт, заврши изградбата на улица 3 , улица 5 и улица 6 во вкупна должина од 510 метри, со што населба Пролет добива нов урбан лик.

Овој инфраструктурен проект е од големо значење за жителите кои живеат во оваа населба која е доста атрактивна и е во близина на централното градско подрачје.

Решавањето на инфраструктурата ќе ја зголеми атрактивноста на населбата и ќе придонесе за подобар урбан изглед на овој дел од градот во чија близина е и Здравствениот дом и старата собраниска зграда и ќе ги мотивира сопствениците на градежни парцели да инвестираат овде во оваа населба. Изградбата на останатите улици во „Пролет“ ќе се решава парцијално, наредниот период, а паралелно ќе се решава и експропријацијата.

Со изградба на улицата е изградена и атмосферска канализација во должина од 837 метри.

Средствата на овој инфраструктурен проект во висина од 9.323.837 денари без ДДВ се обезбедени од Владата на РСМ (МТВ) во 2023 година и кофинансирање од Буџетот на Општина Делчево, а изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково.”

-информираше градоначалникот на Делчево преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот