Денеска јавноста очекуваше дека Панче Тошковски на прес-конференцијата ќе си поднесе оставка и ќе го разреши директорот на БЈБ Александар Јанев, како и началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски од функција. Но ова не се случи. Денеска Тошковски, наместо одговорност, на прес конференцијата рече дека полицијата одговорила соодветно и навремено. Ако било така Тошковски треба да одговори:
Зошто МВР немаше навремени оперативни информации за да се делува превентивно и ова да не се дозволи? Што работат АНБ и БЈБ и како се дозволи да ескалира состојбата до ова ниво? Зошто дозволија ваков понижување на Македонците и македонската држава?
Понатаму, зошто не се приведени оние кои пукаа и користеа огнено оружје во центарот на Скопје? Тој не одговори на ова прашање. Македонското знаме беше запалено, а воедно се пукаше со автоматски оружја, што претставува не само кривично дело, туку и закана за безбедноста на граѓаните.
Факт е дека Тошковски и МВР беа целосно во бунило за она што се случи вчера, без воопшто да бидат фактор на стабилност во тие критични моменти. Лесно можеше да се случи да имаме жртви, а тоа можело да се превенира ако МВР имале навремени информации и постапеле превентивно.
Понатаму, она што е очигледно е дека МВР под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски, кој да се потсетиме, на функција е од јануари или речиси цела година, немаат контрола над бандите и криминалот во државата.
Оваа кулминација на состојбата е резултат на хаосот кој го создаваат додека бандите и криминалците се без контрола. Да се потсетиме дека за помалку од една година имаме преку 20 вооружувани инциденти, убиства и обиди за убиства. Секојдневно се пука по улиците во Скопје и ова што вчера се случи е последен од низата настани кои потврдуваат дека Тошковски нема никаква контрола над безбедносната ситуација.
-Инстегрален текст на прес конференција на Мартин Костовски од СДСМ
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени
Николоски: На ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години, бидејки им пропадна зелената агенда
Туристичките работници убаво да се подготват за зголемен прием на турските туристи на Охридскиот аеродром за наредната сезона