Марко Виденовиќ на пијано и со поезија и гудачкото трио „Мевлем“, посветуваат пригоден музичкo-поетски настан на загинатите и на повредените во трагедијата во Кочани.
В недела, 15 март 2026 г., со почеток во 17 ч., во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, Виденовиќ и триото „Мевлем“ приредуваат концерт во рамките на програмата за одбележување на годишнината од трагичниот пожар во Кочани.
Овој уметнички настан испреплетува поезија и авторска музика на Марко Виденовиќ, во изведба на Памела Велкова на виолина, Верица Ајтовска на виола и Енис Аљи на виолончело.
Според Виденовиќ, проектот кој досега е претставен во Скопје, Загреб, Белград, Битола, Гевгелија, Охрид и во Велес, е приспособен кон поводот во Кочани. Уметниците ќе пренесат пораки за солидарност, сочувство и заедничко заздравување.
Концерт на Марко Виденовиќ и гудачкото трио „Мевлем“ – во сеќавање на загинатите и на повредените во Кочани


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево