БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Коце Трајановски најави автопат од Скопје до Охрид без патарини

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ќе добиеме непрекинат автопат од Скопје преку Тетово, Гостивар, Кичево до Охрид. Тоа ќе биде современ автопат на кој нема да има патарини, истакна меѓу другото Коце Трајановски

Започнува новата фаза од масовниот инфраструктурен замав за заокружување на Коридорот 8 од Деве Баир до Ќафасан. Со денешниот официјален почеток на изградбата на новата автопатска делница од Кичево до Букојчани во должина од 11,5 километри, се спојуваат клучните сообраќајни правци кои наскоро ќе овозможат патување од Скопје до Охрид за помалку од час и половина, и тоа целосно без наплата на патарини, нагласи директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, истакнувајќи дека по две и пол години интензивна работа на терен, конечниот цел систем се заокружува за брзо време.

„Денес не зборуваме за планови, зборуваме за почеток на изградба на автопат од Кичево до Букојчани, во должина од 11,5 километри. Ова е дел од Коридорот 8, од Деве Баир до Ќафасан. Интензивно работиме веќе 2 и пол години и во 2027 ќе го пуштиме автопатот Кичево – Охрид. Интензивно работиме и на автопатот од Тетово преку Гостивар до Букојчани. Денес почнуваме да го градиме делот што недостасува, а кој ќе ги поврзе овие два автопати. Со тоа ќе добиеме непрекинат автопат од Скопје преку Тетово, Гостивар, Кичево до Охрид. Тоа ќе биде современ автопат на кој нема да има патарини. Се надеваме дека од Скопје до Охрид ќе патуваме за помалку од 1 и пол час“, истакна Трајановски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со пуштањето во употреба на овие модерни сообраќајници во текот на 2027 година, граѓаните добиваат брза, сигурна и целосно европска патна врска која децениски се чекаше, додаде тој.

Извор: Нетпрес

Креирано од:


Пренеси го гласот