БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки: Парламентот наместо дом на граѓаните стана дом на самоволието и личните интереси

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во рамки на продолжението од 64 седница на Македонскиот Парламент на која се расправаше за Предлог – одлука за разрешување член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието свое обраќање имаше пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Тој во својот говор го прозва Талат Џафери за кршење на Деловникот за работа на парламентот со цел инсталирање на партиски подобни кадри во судството преку смена на член од именуваната комисија во која треба да помине Предлог законот за дополнување на Законот за јавно обвинителство кој што актуелната власт сака да го донесе пред да замине од власт за да обезбеди неказнивост за нивните злодела во иднина.

Во прдолжение во целост погледнете го обраќањето на Драган Ковачки со неговите аргументи упатени до јавноста:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Притоа Ковачки во јавноста преку социјалните мрежи упати и повеќе пораки кои ги дефинираат мотивите и намерите на власта во нивната цел:

“Ова е Собрание кое во услови на геополитички тензии, наместо да расправа за тоа кои и какви мерки активности и постапки треба да се преземат за надминување на тоа што ни доаѓа од Исток, води маратонска расправа за тоа како да им се удоволи на желбите на ДУИ и СДСМ, односно за нивен спас од одговорноста за злоделата што и ги направија на татковината во изминатиот период.

Во ова Собрание во изминатите 30 години се носени стратешки одлуки за државата, но ова Собрание стана симбол на непочитување на законите и процедурите што само си ги има донесено.

Наместо дом на граѓаните, стана ДОМ на САМОВОЛИЕТО и личните интереси! Ова е Собрание кое изгласа Претседател на Собрание со гласање на две раце и без записник!Ова е Собранието кое аминува и дава подршка на нелегитимната влада која води анационални политики, на влада која ни донесе 4 кризни состојби и која ја задолжи државата со историски највисок долг.

Ова е Собрание кое молчи за платените 58 милиони за струја само во месец февруари.

Ова е собрание кое не се интересира зошто 50 наши граѓани се заглавени во разорената Украина, а нашиот амбасадор успешно си се вратил дома.

Ова е собрание кое не се интересира зошто државата нема капацитет, а порано имала, 5 дена да не можат да го пронајдат изгубеното детенце во Прилеп.”

-напиша Ковачки на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace